26. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Дали парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите се веќе потрошени?

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, денеска од партиска говорница упати прашање до Владата кое се однесува на средствата од унгарскиот кредит.

„Македонските компании требаше да добијат финансиска поддршка од унгарскиот кредит од 250 милиони евра, но за сега нема никакви податоци за негово ефикасно делење, дотолку повеќе што до нас стигнуваат информации за кои сметаме дека владата треба да одговори а тоа е дека парите наменети за компаниите од унгарскиот кредит, практично се потрошени за друга намена. Затоа е сменет Законот за работа на банките со кој за првпат на Македонската банка за развој ѝ се дозволува да се задолжи директно во Буџетот а не кај меѓунардони финансиски институции како што беше случај до сега. Тоа значи дека сите компании што ќе аплицираат за таков кредит со ниска каматна стапка, ќе бараат пари директно од Буџетот, односно Владата ќе треба да им даде од Буџетот и веројатно од други извори, а не од тој унгарски кредит“ порача Филипче.

Потоа тој упати дополнителни прашања до Владата.

„Ја прашувам Владата дали навистина парите од унгарскиот кредит се потрошиле или се трошат за друга намена? Дали парите што треба да стигнат до компаниите преку МБР треба да стигнат преку Буџетот и од други извори а не од унгарскиот кредит и дали тие комерцијални банки кои сега даваат практично со намалено темпо и динамика пари кон компаниите треба да бидат понатаму субвенционирани од Владата повторно од други извори, а не од унгарскиот кредит?“ праша Филипче.