Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп: Зеленски треба да одржи избори како цена на мирот

Доналд Трамп предложи Володимир Зеленски да одржи избори во Украина како цена на мирот.

Американскиот претседател, говорејќи од Флорида, рече дека е многу посигурен по разговорите меѓу американските и руските претставници во Саудиска Арабија.

Тој ги повтори сугестиите Зеленски да одржи избори во Украина како услов за мир, што предизвика загриженост дека Москва би можела да ги искористи изборите за да номинира проруски кандидат кој ќе се согласи со мировните услови поволни за Москва.

Трамп рече дека до него стигнало барањето за претседателски избори во Украина.

„Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, всушност вонредна состојба во Украина, каде што лидерот во Украина, мислам, мразам да го кажам тоа, но тој има само четири отсто поддршка.

„Ако Украина сака место на масата, зарем луѓето не треба да кажат дека поминало долго време откако немале избори? Тоа не е работа на Русија, тоа е нешто што доаѓа од мене и доаѓа од многу други земји“, рече Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПАЦИФИКОТ КАЈ ЈАПОНИЈА – Магнитуда од 7 степени, без опасност од цунами

ДЕСК

НОВИ ТВРДЕЊА ЗА МОЖЕН НАПАД ВРЗ ИРАН – Американската војска наводно има подготвени планови

ДЕСК

ДВАНАЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ФЛОРИДА – Меѓу нив шест деца, три лица во тешка состојба

ДЕСК