Centar.mk
СВЕТ

Рио де Жанеиро регистрираше најтопол ден во последните 10 години

Бразилскиот град Рио де Жанеиро го забележа најтоплиот ден во последната деценија, а температурите достигнаа 44 степени Целзиусови, објавија денеска медиумите.

Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина.

Претходниот рекорд беше 43,8 степени, измерен во ноември 2023 година, пренесува ABC News.

Градските власти издадоа предупредување за екстремни горештини во наредните денови.

На јавни места се поставени станици за разладување, додека здравствената служба е подготвена да прими зголемен број пациенти со срцеви проблеми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +