Centar.mk
СВЕТ

Нов силен земјотрес во близина на Санторини

Силен земјотрес, уште еден во серија, со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на архипелагот Додеканез, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од девет километри, 144 километри од Ираклион, 24 километри од Санторини.

Од 26 јануари на ова подрачје се забележани голем број земјотреси со магнитуди од 3,5 до 5,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците, регистрирани се околу 17.000 земјотреси со јачина од еден степен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +