11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема нов Клинички центар, потона уште едно лажно ветување на ДПМНЕ

Потона уште едно лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има нов Клинички центар, велат од СДСМ.

„Пред изборите ветуваа модерен, нов Клинички центар кој ќе овозможи подобри здравствени услуги за сите граѓани.

Денес, кога се на власт, признаваат дека нема да го реализираат ова ветување, а наместо тоа, нудат импровизирано решение – пребукирана Градска општа болница „8 Септември“ да стане регионален центар.

Ова не е реформа во здравството, ова е уште еден доказ за неспособноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните нема да добијат подобра здравствена услуга, нема да се намалат листите на чекање, нема да има суштинско подобрување на системот. Напротив, само ќе се продлабочат проблемите во здравството.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да реализира ниту еден капитален проект во здравството. Ако можат без проблем да договараат сомнителни кредити од Унгарија, тогаш нека обезбедат средства и за Клинички центар. Но наместо тоа, нивниот приоритет е партиските интереси, а не здравјето на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.