Утрово избувна пожар во помошен објект на куќа во скопската населба Ѓорче Петров. Густ чад и пламен биле забележани во населениот дел, а на местото интервенирала Противпожарната единица на Град Скопје.
Пожарот бил во близина на основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Во моментот на првичното известување немало информации за повредени, ниту официјално утврдена причина за избувнувањето на пожарот.


