Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ КОН СТРУГА И ОХРИД – Од денеска нов режим на патот Калишта – Радожда

Од денеска, 17 ноември, на регионалниот пат Р1208, на делницата Калишта – Радожда, кај месноста Елен Камен, е воведен изменет сообраќаен режим. Поради градежни активности, возилата ќе се пропуштаат наизменично по една слободна сообраќајна лента.

Според известувањето што го пренесе АМСМ од изведувачот „Стентон градба“, се воспоставува двонасочен режим со наизменично пропуштање на возилата. Возачите треба да ја почитуваат привремената сигнализација и да бидат подготвени за можни задржувања на оваа делница.

АМСМ информира дека утринава сообраќајот на патиштата се одвива непречено, претежно по влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градовите. На граничните премини од македонска страна не се пријавени подолги задржувања.

Можеби ќе ве интересира

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ – Денеска сведочи ќерката на првообвинетиот во случајот „Пулс“

ДЕСК

Законските измени за заштита на жените стојат во фиока од август – веднаш да се стават на дневен ред, вели Тренчевска

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО ТЕТОВО – „Сузуки“ удрило во 56-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница

ДЕСК