Centar.mk
ЛОКАЛНО

ВАЖНО ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ И ВОДНО – Од 8:30 часот прекини во водоснабдувањето, познати се улиците

Делови од скопските населби Капиштец и Водно денеска се опфатени со прекини на водоснабдувањето поради дефекти на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Интервенциите започнуваат од 8:30 часот, а прекините се најавени до завршувањето на санацијата.

Во Капиштец прекинот ги опфаќа дел од корисниците на улиците „Партение Зографски“, „Периша Савелиќ“ и „Ацо Караманов“. Причината е дефект на затворач со пречник од 80 милиметри на улицата „Партение Зографски“ број 89.

Во населбата Водно е пријавен дефект на приклучна цевка на улицата „Славејко Арсов“ број 81, поради што дел од корисниците на истата улица остануваат без вода. Точниот термин на нормализирање на снабдувањето не е соопштен.

Можеби ќе ве интересира

Општина Илинден ја проширува мрежата за фекална канализација во населба Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност

ДЕСК

БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ – Општина Центар објави повик за заинтересирани жени

ДЕСК