Centar.mk
ЛОКАЛНО

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Исклучувања до 16 часот, објавени се точните улици и населени места

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска, 17 ноември, се најавени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Илинден, Петровец, Ѓорче Петров и Центар. Интервенциите опфаќаат замена на столбови, реконструкција и одржување на мрежата.

Од 08:00 до 15:00 часот се најавени прекини на патот кон фармите во Јурумлери и улицата „27“ во Илинден, вклучително и околните фирми. Од 09:00 до 16:00 часот се опфатени делови од Петровец, кај училиштето и поштата, „Еуроиталија“, Ржаничино и објектите „Радио фар Ржаничино“, „Иванов Ржаничино“ и „Маклаб Ржаничино“.

Во Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:00 часот е најавен прекин за дел од улицата „Анастас Коцарев“, додека во Центар од 12:00 до 15:00 часот без струја треба да останат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ број 46. Термините се планирани и може да се променат зависно од текот на работите.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ И ВОДНО – Од 8:30 часот прекини во водоснабдувањето, познати се улиците

ДЕСК

Општина Илинден ја проширува мрежата за фекална канализација во населба Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност

ДЕСК