Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 30 тела извлечени од река по судирот на авион и хеликоптер во САД

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон кога авион се судри со воен хеликоптер, објави „Ен-би-си њуз“ повикувајќи се на локални телевизиски станици.

Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот е свртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен.

Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер „блек хок“ со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром „Вашингтон Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-би-ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +