Centar.mk
СВЕТ

„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка

„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.

Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Бајт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.

Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.

Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +