Centar.mk
СВЕТ

Израел ќе ослободи 737 палестинци во замена за заложниците

Израел ќе ослободи 737 палестински затвореници во замена за првите израелски заложници, што е првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа одобрен од израелската влада, објави Министерството за правда.

Како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа, Владата одобрува ослободување на 737 затвореници и притвореници, се вели во соопштението на Министерството.

Меѓу затворениците што се очекува да бидат ослободени е и Закарија Зубеиди, одговорен за неколку напади врз израелски цивили и поранешниот водач на бригадите Ал Акса, вооруженото крило на партијата Фатах, кој избега од израелски затвор во 2021 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Морничава глетка: Небото за миг се обои во крваво црвено, животот запре

ДЕСК

Седум лица тешко повредени во Англија откако автомобил удрил во пешаци

C +

Втор ракетен напад од Јемен кон Израел од почетокот на војната во Иран

C +