Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Поскапи цени и поголеми трошоци за живот – дебакл и на новогодишната кошничка

-И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила, велат од СДСМ.

„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.

И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.

Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.

Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.

Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите.

Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

ДЕСК

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

ДЕСК