Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово, -3 во Крива Паланка, Штип и Струмица, -2 во Велес, Битола и Демир Капија, -1 во Кавадарци, Прилеп и Виница, 0 во Попова Шапка, Претор и Охрид, 1 во Крушево и Маврови Анови, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 48 сантиметри во Попова Шапка и 42 во Маврови Анови.

Времето во текот на ноќта и изутринава
Малку до умерено облачно, а утрово по одделни котлини има појава на слаба магла и ниска облачност. Во западните делови, дуваше умерен, на планините повремено засилен ветер од југозападен правец.

Времето денеска
Претпладне студено со појава на слаба магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 7 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК