Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Русија за 3 дена нѐ нападна со над 30 дронови и над 20 ракети

Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз територијата на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ.

„Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше цели кои беа погодени, а со тоа и повредени и загинати. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите“, рече Зеленски.

Тој додаде дека руските сили секојдневно извршуваат напади со насочувани авионски бомби, кои предизвикуваат дополнителни штети и жртви.

Претседателот Зеленски нагласи дека континуираниот руски терор бара засилување на воздушната одбрана на Украина. „Потребен е развој од модерни системи како ‘Патриот’ до мобилни противпожарни тимови, за да можеме да одговориме соодветно на овие закани,“ истакна тој.

Воедно, Зеленски упати благодарност до сите меѓународни партнери за нивната поддршка и потенцираше дека е неопходно континуирано снабдување со системи за противвоздушна одбрана, како и зголемување на капацитетот на мобилните тимови за справување со нападите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +