Centar.mk
вестЛОКАЛНО

САНКЦИОНИРАНИ 163 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.12. до 08.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 163 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

ДЕСК

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Објавени најновите резултати од контролата на водата за пиење

ДЕСК

Ветувањето исполнето – Македонска општина им ја зголеми помошта на 5000 денари на пензионерите

ДЕСК