Соопштение на СВР Битола:
Ве известуваме дека на 22.11.2026 година на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе изменет режим на сообраќај на одредени реони во градот. Заради непречено спроведување на активностите предвидени во агендата , Ве замолуваме да се придржувате кон насоките кои ќе ги даваат полициските службеници во делот на сообраќајот.
Секторот за Внатрешни работи Битола уште еднаш апелира за почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот


