Centar.mk
фото Град Скопје
-ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во работна посета на средното училиште „Здравко Цветковски“ каде што беа презентирани новите машини за подно чистење на училниците и ходниците во сите скопски средни училишта.

– Секое утро нашите средношколци заслужуваат да влезат во чисто и уредно училиште. Затоа набавивме машини за подно чистење за градските средни училишта. Со нив, вработените кои секојдневно се грижат за хигиената, ќе можат побрзо и потемелно да ги исчистат и долгите ходници и училниците во кои се образува иднината на Скопје. Ним им должиме благодарност за трудот и современа опрема што ќе им ја олесни работата. Како градоначалник, моја одговорност е на вработените да им обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности. Мојата заложба е секој млад човек, во кој било дел од Скопје да расте, во своето училиште да ги добие и условите и шансата да покаже колку може – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во изминатава година во средните училишта на Град Скопје се обновени спортските терени, а училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли.

– Обезбедивме ормарче за секој ученик, бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата. Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Поставуваме фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе градиме и две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров – нагласи Ѓорѓиевски.

фото Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

Од понеделник, продолжуваат дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО БАНСКО – 24-годишник пријавил дека бил физички нападнат од помлад соселанец

ДЕСК

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАЛЕ ДЕТЕ СО РАЗНИ ПРЕДМЕТИ – Мајка пријавила инцидент

ДЕСК