13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт има меѓуетнички тензии

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт има меѓуетнички инциденти, а СДСМ секогаш бил факторот што ги смирувал тие работи, гледал државнички и гледал во иднината за доброто на сите граѓани и на државата, порача во интервју за 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче додаде дека за време на владеењето на СДСМ, не се случувале такви меѓуетнички тензии и провокации како што се случија во изминативе денови.

„За жал, гледаме дека секојдневно расте и националистичката реторика и секојдневно се случуваат инциденти. Мора да кажам дека тоа е нешто што нас сериозно нè загрижува. За време на владеењето на СДСМ немаше ниту еден посериозен меѓу етничкиинцидент. Еве вратете се наназад изминатите седум осум години немаше тепачка по автобусите, немаше ништо значајно не е како тоа што сега се случува секојдневно. Прво инцидентот со знамењата, понатаму во училиштата. Кога во последните години сме гледале деца во униформи со оружје? Последните седум осум години немаше такви работи. Или како ова вчера со палењето на автомобилите и канцеларите?“ рече Филипче.

Пратеникот и претседател на СДСМ, одново упати повик за лидерска средба, со цел, како што тој рече, смирување на тензиите.

„Апелирам повторно на лидерска средба. Нема никој на никој ништо да му недостасува. Нити некој политички ќе изгуби ако сите претседатели на големи политички партии излеземе на прес конференција после лидерската средба и упатиме апел тензиите да се смират“ порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +