Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Огромен број разочарани од ЗНАМ веќе се враќаат во СДСМ

„Огромен број на луѓе коишто се разочарани од ветувањата на ЗНАМ веќе пристапуваат назад во партијата. Луѓето може да проценат дека таму нема никаква идеологија, никаква политика, таму се само лични интереси и ветувања за вработувања и задржувања на раководни позиции“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека луѓето за кратко време сфатиле дека биле излажани и пристапуваат назад во СДСМ.

„Огромен број на луѓето коишто гласаа за ЗНАМ и беа разочарани од СДСМ, од сосема легитимни причини, тоа мора да се признае, кога ќе сфатат дека се менуваме и гледаат дека се менуваме во комуникацијата, во пристапот со луѓето, отвореноста и инклузивноста, се враќаат во партијата“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека општинските организации на пратијата стануваат поживи и дека се гледа раздвиженост помеѓу членството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК