Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Нов вооружен грабеж, Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ

-Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк. Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво, велат од СДСМ.

„Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски.

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ.

Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

C +

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК