Centar.mk
СВЕТ

Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад

Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.

„Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера лансира експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина.

Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.

Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЗО СО НОВО ГЛОБАЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Шест климатски мерки можат да спасат 1,6 милиони животи годишно

ДЕСК

ШВЕДСКА КНИГИТЕ И РАКОПИСОТ ВО УЧИЛИШТАТА – Повеќе пишување со рака и помалку екрани кај најмладите

ДЕСК

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК