Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Побарана подготвителна постапка и притвор за малолетник осомничен за насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.

На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК