Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО ДПМНЕ: СДС е пример за политичка комедија со ликови кои крадат во секоја прилика, ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти во корист на граѓаните

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ
СДС е пример за политичка комедија. СДС луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните.

За време на СДС, секој ден беше нова епизода од ,,Скандал во Македонија“. Време е СДС да прифати дека нивната ера заврши.

ВМРО-ДПМНЕ, не се потпира на наследството од претходната власт, кое беше повеќе за хумористични шоуа – најдобар пример за тоа е Венко Филипче.

СДС треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена.

СДС ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на последната седница за пратенички прашања, даде одговор на сите дилеми.

За СДС пратенички прашања се и непозната појава. Нивните одлуки во минатото поминуваа без транспарентност, отчетност, и вон фокусот на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата која граѓаните му ја дадоа на 8 мај, а реформите веќе се видливи.

СДС треба да се навикне на новата реалност, во политичката игра, местото за подучување е резервирано за победници.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК