Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сања Божиновска ја отвори дванаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори дванаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024. Преку оваа веќе препознатлива платформа младите добиваат шанса да ги претстават своите идеи, истражувања и иновации, но и да научат од искусни професионалци.

„Во светот кој се повеќе се соочува со предизвиците на климатските промени, енергетската ефикасност и одржливиот развој се многу значајни теми и потребата за нови знаења и иновации никогаш не била поголема. Токму затоа ме радува што СКЕЕОР е во организација на студентите, подржана од професорите и компаниите. Тоа е одличен начин да се спојат теоријата и практиката, да се поттикне студентската креативност и да се формираат професионални врски меѓу академијата и индрустријата, значајни за развојот на идните млади инжинери и екперти во нашата земја. Уверена сум дека идеите и проектите кои произлегуваат од оваа конференција ќе имаат голем импакт врз иднината на енергетскиот сектор во државата. Владата е посветена на создавање услови за поддршка на младите инжинери и научници.“, истакна Божиновска.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК