14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.

Две рачни бомби кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште.

Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице. За да не биде откриен, бомбите ги извадил и ги оставил покрај патот, па продолжил да вози. Меѓутоа, локални жители му го попречиле патот, го пријавиле во полиција, по што бил лишен од слобода.

Истрагата е поведена за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор./Извор:Makfax