Centar.mk
фото Кабинет на Претседател
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ бара Давкова да ја повлече одлуката за помилување криминалци

На прес конференција, СДСМ денеска жестоко реагираше на како што рекоа „шокантните помилувања криминалци и нарко босови“ од страна на претседателката Силјановска-Давкова и побара одлуката да биде повлечена веднаш.

-Помилувани се криминалци, припадници на нарко-кланот „Барон“, како и осудени функционери како поранешниот градоначалник Владимир Талески, вмешан во случајот „Транспортер“, и Марјан Ефремов од аферата „Шпион“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

СДСМ го оквалификува ова како сериозен удар врз правната држава и безбедноста на граѓаните, особено во време на зголемени криминални пресметки на улиците.
-Со овие скандалозни одлуки Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите. Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции. Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците. Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните, рече Кузеска.

СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече одлуката.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК