22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Русите ги фатија севернокорејските војници кои побегнаа од својата позиција во Курск

Руските власти заробија 18 севернокорејски војници, кои ги напуштија своите позиции во руската област Курск, изјави денеска за „Киев индипендент“ извор од украинската воена разузнавачка служба.

Да потсетиме дека Киев неодамна објави дека Северна Кореја се подготвува да распореди околу 11.000 војници на почетокот на ноември за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина додавајќи дека некои веќе пристигнале.

Осумнаесет војници ги напуштија своите позиции во руските региони во близина на украинската граница, објави украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ пред една недела цитирајќи неименувани разузнавачки претставници.

Други украински медиуми, повикувајќи се на извор од воено разузнавање, објавија дека 40-ина севернокорејски војници пристигнале во Русија за да разменат знаење со нивните руски колеги.

По обуката, 18 Севернокорејци беа оставени во шума во областа Курск неколку дена без храна и инструкции, што доведе до тоа да ја напуштат својата позиција за да ја најдат руската команда на 14 октомври.

Два дена подоцна руските власти ги пронајдоа и ги приведоа исчезнатите војници на приближно 60 километри од нивната првобитна позиција, јавуваат украинските медиуми.

Јужна Кореја го потврди трансферот на севернокорејски воен персонал во Русија. Претседателот на Комитетот за разузнавање на САД, Мајкл Р. Тарнер, рече дека таквиот чекор мора да претставува „црвена линија за Соединетите Америкснски Држави и НАТО“ повикувајќи на итна акција.

Видеото објавено од украинските власти во петокот наводно покажува севернокорејски војници во руски воен камп како примаат опрема и се подготвуваат да се распоредат против украинските сили.

Русија и Северна Кореја ја продлабочија својата соработка за време на сеопфатната војна против Украина, при што Москва доби обемни пакети артилериски гранати и балистички ракети./Извор:Makfax