Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје

Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа!

Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области.

Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.
Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз.

Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.

Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.

Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.

Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата ма паркинг на Аеродромци

ДЕСК

Перински од Новаци: Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

ДЕСК