Centar.mk
СВЕТ

Експлодира цистерна со гориво, најмалку 94 мртви во Нигерија

Најмалку 94 лица загинаа во северна Нигерија кога експлодира цистерна со гориво, која учествуваше во несреќата.

Мештаните се собрале околу излетаното возило за да наточат гориво по што дошло до детонација, пишува Си-ен-ен.

„Околу 23.30 часот во градот Маџија, областа на локалната самоуправа Таура во Џигава, возачот на цистерната изгубил контрола во близина на Универзитетот ‘Кадија’ и цистерната експлодирала“, рече портпаролот на локалната полиција во соопштението.

Тој исто така рече дека уште 50 лица се хоспитализирани поради повреди од разни степени поради експлозијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +