14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг, рече дека Кина и Србија се челични пријатели и дека во последните години ги продлабочиле политичката и меѓусебната доверба, цврсто ги поддржуваат меѓусебните витални интереси за важни прашања и заеднички го зачувуваат меѓународниот поредок, правичност и правда.

Амбасадорот Ли во интервју за денешниот „Новости“ вели дека двете земји имаат плодни резултати од практична соработка и голем број големи проекти.

Тој посочи дека Кина е подготвена, заедно со Србија, дополнително да го реализираат важниот консензус постигнат меѓу двајцата шефови на држави и оти кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата./Извор:Makfax