Соединетите Американски Држави се соочуваат со загуба на статусот на земја со елиминиран ендемски пренос на мали сипаници, по зголемувањето на бројот на заболени во последните две години.
Според објавените информации, од 2025 година се евидентирани приближно 7.700 заразени и 13 починати. Панамериканската здравствена организација ја известила американската администрација за состојбата.
За враќање на статусот потребно е прекинување на континуираното локално ширење на вирусот, заедно со ефикасен епидемиолошки надзор. Се очекува дополнително официјално соопштение.


