Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

-Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите, велат од СДСМ.

„Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот пари си ги земал за себе.

Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.

За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.

Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта.

Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат.

СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК