Centar.mk
фото Министерство за Земјоделство
БИЗНИСвест

Министерот Трипуновски потпиша договор со Научниот институт за тутун – Прилеп за користење на финансиска поддршка од над 25 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството со претставниците од Научниот институт за тутун – Прилеп потпиша договор за користење на финансиска поддршка за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун во износ од 25.500.000 денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун, вклучително и изработка и ревизија на основен проект за инсталирање на оранжерија кои не смеат да учествуваат повеќе од 10% од вредноста на инвестицијата, во висина не повеќе од 25.500.000 денари со вклучен ДДВ од кој максималната вредност за изработка на основен проект е до 2.550.000 денари со вклучен ДДВ.

„Со овој договор за користење на финансиска поддршка сакаме да помогнеме на Научниот институт за тутун – Прилеп бидејќи е тесно поврзан со претпријатијата за производство и обработка на тутун“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека преку соработката со Научниот институт за тутун – Прилеп со конкретни активности ќе се учествува во решавањето на проблемите во тутунопроизводството.

фото Министерство за Земјоделство

Можеби ќе ве интересира

Од првите самостојни плаќања до дигитални трансакции, Mastercard Debit Junior ги учи децата на финансиска одговорност

C +

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

ДЕСК

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

ДЕСК