Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зачестена појава на интернет измами, МВР излезе со важно известување

МВР известување:

Ве информираме дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК

НОВИ 30.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА – Надлежните со апел до граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК