Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада
СВЕТвест

Сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ бараат Орбан да си замине од кормилото на Унгарија

Европската народна партија, во чија групација е и ВМРО-ДПМНЕ, побараа унгарскиот премиер Виктор Орбан да си замине од функцијата со цел Унгарија да се врати назад, поблиску до Европа.

Од ЕПП порачаа дека Орбан мора да си оди, со цел Унгарија да има шанса да се опорави од последиците од лошото лидерство.

Партијата на Орбан, Фидеш беше дел од групата на Европски народни партии до март оваа година, кога тој се повлече од групата, пред сестринските партии да гласат за нивно исклучување. ЕПП имаа замерки за назадувањето на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.

ЕПП е најсилна политичка групација во Европскиот парламент по последните европски избори, а од нивните редови доаѓа и старо-новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така се дел од Европската народна партија, ги продлабочуваат односите со Орбан и Фидеш, во моменти кога европскиот пат на државата е блокиран.

Можеби ќе ве интересира

Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена

C +

Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се“

C +

Путин: Почна сериското производство на „Орешник“

C +