Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Трошоците за живот зголемени-мерките на владата се задоцнети и нема да имаат ефект

Соопштение на СДСМ:

Според податоците од Државниот завод за статистика, трошоците за живот на граѓаните во септември 2024 година се зголемени за 2.6 % во споредба со истиот период лани, додека цените на мало пораснале за 3.3 %.

Ова е потврда дека поскапувањата ги оптоваруваат граѓаните, особено во делот на храна и дека мерките на владата на Мицкоски, на Дурмиши и ВМРО-ДПМНЕ се целосно задоцнети.

Владата не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот. Цената за тоа ја плаќа народот.
СДСМ во неколку наврати алармираше дека власта чекаше предолго и дека мерките нема да имаа никаков ефект. Ако се види моментално состојбата во маркетите се потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи за да се одбегне намалувањето.
Актуелните економски политики на Мицкоски ДПМНЕ се погрешни и со нив стандардот на граѓаните ќе се намалува и понатаму.

За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, додека Владата презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект.
Време е за итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +