Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Од понеделник стабилизација, па повторно врнежи – Метеоцентар објавува подетална прогноза за седмицата што следува

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи.

Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.

Прогноза за 08.10.2024
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Утрото постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.10.2024
Минимална температура: 3°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Прогноза за 10.10.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК