Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе дели по 15.000 денари за секој студент – Ваучер за таблет или друг електронски уред

– Владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите, порача во неделата премиерот Христијан Мицкоски на партиски настан.

– Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, потенцираше Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ПРЕД КАФЕТЕРИЈА – Со нож ѝ се заканил на жена додека пиела кафе и ѝ ја одзел чантата

ДЕСК

ГОЛЕМА НОВИНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА – Полицајците ќе носат камери, снимките ќе се користат како докази

ДЕСК

МВР СО ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРАЗНИК – Полицијата најавува нулта толеранција за насилство

ДЕСК