Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Иранската армија: Првпат употребивме нова хиперсонична ракета

Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вчерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда.

Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, тврди дека 90 отсто од неговите проектили успешно ги погодиле целите. Ова е во спротивност со израелските извештаи. И советникот за национална безбедност на Белата куќа го нарече нападот „неефикасен“.

ИРГЦ соопшти дека ракетата Фатах, која беше дизајнирана и произведена од Техеран и претставена минатата година, била дел од баражот оган што ги погодил израелските градови. Името на проектилот на арапски значи „освојувач“ или „донесувач на победата“.

Минатата година се најде на насловните страници откако се појавија извештаи дека проектилот може да носи нуклеарни боеви глави доколку е потребно, иако тоа не е потврдено./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена

C +

Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се“

C +

Путин: Почна сериското производство на „Орешник“

C +