2. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заменик министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски учесник на Конференција на тема: “Социјален дијалог – состојба, преспектививи и предизвици”

Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт, денеска се одржа конференција на тема “Социјален дијалог – состојба, преспектививи и предизвици”, на која воведно обраќање имаше Заменик миниситерот на јавна админситрација – проф. др. Лазе Јаќимоски.

Заменик министерот во своето излагање истакна дека со социјалниот дијалог, кој во својата суштина, е за поттикнување на конструктивни односи меѓу Владата, работодавачите, работниците и граѓанското општество, претставува столб на доброто владеење, двигател на општествениот напредок и критичен механизам во обликувањето на политиките што ќе ја дефинираат иднината на нашата држава.

Заложбите на Министерството за јавна администрација, се насочени кон негување култура на отворен дијалог. “Веруваме дека колаборативното управување е клучот за постигнување долготрајни, позитивни резултати и за нашата работна сила и за заедниците на кои им служиме.” – истакна заменик министерот Јаќимоски.

Целта на министерството е да се гради и унапредува врз основа на доверба и партнерство, осигурувајќи дека јавни услуги се развиваат во согласност со потребите на општеството, истовремено чувајќи ги правата и благосостојбата на вработени.

Во рамки на конференцијата, активно учество имаше и Иван Нинески, раководител на секторот за човечки ресурси при министерството за јавна администрација, кој истакна дека министерството е секогаш отворено за соработка и дискусија со сите засегнати страни, а во насока на изнаоѓање одржливи решенија за вработените во јавниот сектор.