Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потврдена е недвосмислената поддршка за Украина – Муцунски се сретна со украинскиот колега

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

На средбата беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон формулата за мир, меѓународните коалиции за основање трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца продолжува и понатаму, како и кон другите иницијативи и формати за обезбедување практична помош за Украина.

На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК