22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Борел следната недела со лидерите на Западен Балкан

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, ќе приреди работен ручек за шестмина лидери од Западен Балкан следниот четврток во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, објавено е денеска на веб-страницата на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.

Во соопштението се наведува дека висока делегација на Европската комисија ќе учествува на 79. сесија на Генералното собрание на ОН следната недела во Њујорк, а фокусот на ангажманот на ЕУ ќе биде ставен на решавање низа невидени конфликти и кризи околу светот.

Делегацијата на ЕУ ќе ја сочинуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, извршната потпретседателка Маргарет Вестагер, високиот претставник Борел, потпретседателката Дубравка Шуица, како и комесарите Стела Киријакидес, Дидије Рејндерс, Илва Јохансон, Јанез Ленарчич, Јута Урпилаинен, Кадри Симсон и Вопке Хокестра./Извор:Makfax