Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бајден апелираше до Конгресот да го продолжи рокот Украина да искористи 5,8 милијарди долари воена помош

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот да го продолжи претседателското овластување за повлекување средства (ПДА) до 2025 година.

Со тоа ќе бидат достапни околу 5,9 милијарди долари за воена помош за Украина по крајот на фискалната година на 30 септември, пишува „Д Хил“.

Белата куќа побара континуираното финансирање да биде вклучено во резолуцијата понудена од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Овие средства истекуваат на крајот на овој месец.

Донесувањето на одлуката на американскиот Конгрес за продолжување на ПДА во износ од 5,8 милијарди долари ќе и овозможи на Белата куќа да продолжи да испраќа воена помош за Украина неколку пати месечно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +