Утре времето ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави УХМР.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје, утре ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град./Извор:Makfax


