Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Неисправните ер трактори и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ

-Навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална. Два од трите ер-трактори не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект. СДСМ остро ја осудува оваа катастрофална ситуација која е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денеска СДСМ.

-Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ертракторите и хеликоптерите на време? Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК