16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Ќе го задржиме рускиот Курск на неодредено време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за американскиот „Ен-би-си Њуз“ дека Украина ќе ја задржи територијата во освоениот руски регион Курск на неодредено време.

На почетокот на август, да потсетиме, украинските сили извршија ненадеен напад врз рускиот регион Курск. Киев тврди дека сега контролира речиси 1.300 квадратни километри руска територија во Курск, а исто така тврди дека имаат речиси 600 руски воени заробеници.

„Не ни треба нивната земја. Не сакаме да го донесеме нашиот украински начин на живот таму“, изјави Зеленски за „Ен-би-си Њуз“ за време на неговото прво интервју од почетокот на офанзивата. Наместо тоа, Украина ќе ја задржи територијата како клучен дел од „победничкиот план“ на Зеленски за ставање крај на војната.

„Засега ни треба“, рече тој за Курск, додавајќи дека ќе им претстави предлог на меѓународните партнери како што се САД, каде што треба да оди кон крајот на месецов, за да се забрза крајот на војната.

За време на интервјуто, Зеленски одби да ја отфрли можноста да заземе поголема територија. Августовската офанзива беше чувана во строга тајна, вклучително и од западните сојузници.

Тоа, рече Зеленски, е поради научените лекции од широко објавениот контранапад од минатото лето – давајќи и на Русија време да се подготви, тврди тој./Извор:Makfax