16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од утре се менуваат правилата за рачен багаж на аеродромите во ЕУ

Аеродромите низ Европската унија од утре, 1 септември, ги менуваат правилата за рачен багаж, а тие се однесуваат на течности и електронски уреди што ги носат патниците. Причината се новите скенери, за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите кои користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на „стариот модел“, поради што се очекуваат гужви бидејќи самата проверка ќе трае подолго.

Европската комисија ги повика сите аеродроми привремено да ги користат старите модели, пишува „Irish Examiner“.

Ова значи дека аеродромите што ги користат новите C3 скенери – кои обично им дозволуваат на патниците да оставаат течности и електронски предмети во нивните торби додека се скенираат и кои ја отстранија потребата од ограничување од 100 милоилитри за секоја течност, аеросол или гел – ќе се вратат на постарите методи на преработка пренесува Тпортал.

Ефективноста на новите скенери беше доведена во прашање со техничкиот извештај испратен од Комисијата до Европската конференција за цивилно воздухопловство минатиот мај, во кој беше наведено дека тие не можат да ја гарантираат доверливоста на скенерот за контејнери со капацитет поголем од 330 милилитри.

Така, почнувајќи од оваа недела, аеродромите во ЕУ кои го користат скенерот C3 ќе се вратат на традиционалните уреди за рендген.

Максималната дозволена тежина на рачниот багаж ќе биде 10 килограми, а секој патник ќе може да земе еден рачен багаж и еден мал личен предмет.

Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смеат да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, додека личниот предмет, како што е чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара под седиште пред патникот./Извор:Makfax