Centar.mk
СВЕТ

Вооружен напад во болница во Истанбул: пет лица се ранети, напаѓачот избегал

Пет лица се ранети во болница во Истанбул кога непознато лице пукало од огнено оружје.

Според турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, припадник на обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило.

Во соопштението на гувернерот на Истанбул, соопштено е дека непознато лице побегнало од местото на настанот, а возилото што го користел напаѓачот било пронајдено напуштено.

Полицијата работи на расчистување на случајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

C +

Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

C +

Од музејот Лувр украдени над 8.000 дијаманти и 200 бисери: Откриени нови детали за грабежот на векот

C +