Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Голем напад на Русија врз Украина, експлозии во Киев, Харков, Одеса, Запорожје

Русија утрово изврши голем напад врз Украина со ракети и дронови, а експлозии се слушнаа во центарот на Киев, Харков, Одеса, Запорожје, Днепар и други украински градови.

Сирените за воздушен напад се огласија во 6:00 часот по локално време, јавува Kyiv Independent и наведува дека во Киев се слушнале силни експлозии нешто пред 8:30 часот, а неколку минути подоцна одекнале уште неколку детонации.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека дошло до прекин на електричната енергија во неколку делови на главниот град на Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +